ЕМА нема да ја одобри вакцината Спутник В оваа година

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник В, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи се уште нема доволно податоци, изјави денеска извор кој е запознаен со тоа прашање.



– Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот.

Доколку бараните податоци стигнат до крајот на ноември, „тогаш регулаторите би можеле да донесат одлука во првиот квартал од следната година“, додаде изворот кој сакаше да остане анонимен.

ЕМА започна официјално тестирање на руската вакцина во март. Претходно се очекуваше дека ќе ја одобри вакцината Спутник В во мај или јуни.

Резултатите од третата фаза на клинички испитувања објавени во февруари во медицинското списание Lancet покажаа дека вакцината е речиси 92 процента ефикасна. Русија подоцна објави дека е 83 отсто ефикасна против делта сојот на коронавирус.

Вакцината веќе се користи во Русија и е одобрена во повеќе од 70 земји. Изворот нагласи дека нема причина за сомнеж во нејзината ефикасност или безбедност.

Институтот Гамалеја при руското Министерство за здравство, го разви лекот и спроведе клинички истражувања, а суверениот руски фонд РДИФ е задолжен за неговата продажба.

Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство на Русија, истакна дека Министерството моментно ја финализира документацијата потребна за ЕМА и со европската агенција ги разгледува датумите за посети на капацитетите кои треба да се случат подоцна оваа година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го процесот на ЕМА за одобрување на Спутник В, истакна дека двете страни имаат технолошки несогласувања околу комплетноста на доставените документи и информации.

– Зборуваме само за технички формалности кои ќе се решат, нагласи Песков.

Изворот откри дека ЕМА побарала подетални информации за производството на вакцината, како што се активните состојки и начинот на полнење на дозите.

Бавното темпо на процесот на одобрување е удар за Москва, која се надева дека со одобрување од страна на регулаторот, ќе ја направи Спутник В поконкурентна со вакцините на американските компании „Фајзер“ и „Модерна“, кои доминираат на светскиот пазар.

Европското одобрување ќе им помогне и на руските државјани кои сакаат да патуваат во Европа, која засега ги признава само вакцините одобрени од ЕМА и Светската здравствена организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...