Норвешките „деца на војната“ бараат финансиска компензација за страдањата преку Европскиот суд за човекови права

Стразбур, 7 март (МИА) - Група „деца на војната“ од Норвешка, родени за исполнување на нацистичката програма за создавање на генетичко чиста раса преку  Европскиот суд за правата на човекот бараат финансиска компензација за нивните страдања, од норвешката држава.   

Се очекува Европскиот суд за човекови права утре да ги сослуша аргументите на групата, пред да реши дали да го процесуира делото, пренесува МИА.

Речиси 12 илјади деца со норвешка мајка и татко Германец биле родени во Норвешка во текот на Втората светска војна, согласно програмата позната како „Лебенсборн“. Програмата е воведена најпрво од шефот на германските СС сили Хајнрих Химлер во 1935 година за создавање деца од ариевска раса. Надвор од Германија програмата е реализирана и во Норвешка.

Група од 154 Норвежани заедно со четворица Швеѓани и еден Германец се обратиле до Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, со аргументи дека целиот живот страдале од дискриминација, а недејствувањето на норвешките власти придонеле за нарушување на нивните граѓански слободи.

-Сакаме да се признае дека владата на Норвешка ги нарушувала правата на тие луѓе. Настојуваме и за финансиска компензација-, изјави адвокатот на групата.

Членовите на групата посочуваат и на дискриминирачки акти меѓу кои и јавни изјави на лекари и свештеници дека „децата на војната“ се психички и генетски  штетни, а се и потенцијални нацистички симпатизери.  

Жртвите имале и потешкотии при наоѓање работа, а биле малтретирани и во училиштата и на работното место. Некои од нив биле затворани и во психијатриски клиники до 1065 година или учеле во заводи за деца со забавен развој.

Во 2002 година норвешкиот парламент и наложи на владата да преземе мерки, со предлог да исплати отштета од по 24.500 евра по лице. Меѓутоа, членовите на групата бараат по 50 илјади евра и четири пати повеќе за оние чиј живот бил полн со дискриминација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...