Британското Министерство за одбрана обелодени документи за НЛО

Британското Министерство за одбрана обелодени нови документи на тема средби со НЛО, јави Франс прес.

Станува збор за седум досиеја, изготвени во периодот 1987 -1993 година од службите за разузнавање при Министерството. Во нив се содржат информации за набљудувања на 1.200 неидентификувани летечки објекти.

Меѓу обелоденетите документи има шест снимки, испратени на Министерството за одбрана од шкотландскиот весник „Дејли рекорд“. На нив се набљудува летечки објект со форма на голем дијамант.

Кадрите се направени на 4 август 1990 година. Објектот стоел неподвижно во воздухот околу десет минути, по што одлетал нагоре со голема брзина, тврдат фоторепортери на шкотландскиот весник, кои ги пратиле снимките на Министерството за одбрана со барање за коментар поради објавување статија за темата.

Министерството, меѓутоа, ги информирало останатите министерства за набљудуваната појава и ги замолило тие да ги известат новинарите оти за случајот не се направени никакви заклучоци.

Во друг обелоденет документ жена се обратила во британските кралски военовоздухопловни сили на 20 ноември 1989 година и раскажала дека додека го шетала кучето се сретнала со маж со кафеав костум на астронаут, кој ја предупредил во најскоро време да очекува пријателска посета на вонземјани.

Обелоденетите денеска документи, поврзани со набљудување на НЛО и со искази за средби со вонземјани, во април ќе бидат достапни на сајтот на британскиот национален архив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

* * *

Имал Трпе пролив па отишол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
55. п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар...

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати...

1635.- Умре Феликс Лопе де Вега Карпио,...

1664.- Умре шпанскиот сликар Франсиско де...