Руските специјални сили ќе ги проверуваат писмата и другите поштенски пратки на граѓаните

Москва, 21 јули (МИА) - Во Русија во сила влезе наредбата на Министерството за врски која им дава право на припадниците на специјалните служни да ги проверуваат писмата и другите поштенски пратки на граѓаните. 

Во согласност со наредбата на Министерството за врски и масовни комуникации, објавена во весникот „Росијскаја газета“, на Министерството за полиција, Федералната служба за безбедност, Воената разузнавачка служба и Федералната служба за обезбедување, како и на цариниците, им е дозволено да отвораат писма, пакети и останати пратки.

Документот, ги прецизира обврските на поштенските работници да создадат услови, вклучувајќи и посебни простории, на претставници на специјалните служби за проверка.

Освен тоа, на „специјалците“ им се гарантира и целосен достап до електронските бази на пошта. Тие можат да утврдат кој, каква и од каде примал пошта.

Руските Интернет изданија укажуваат дека документот, при тоа, не бара решение на судот за проверка на поштата, иако тајноста на телефонските разговори и поштенските преписки е гарантирана со Уставот.

Невладините организации за заштита на човековите права најавија дека пред Врховниот суд ќе бараат укинување на наредбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зборуваат две плавуши по телефон.
- Добар ден, дали е тоа телефонскиот број два, два, шест, еден, два, седум!
- Не, ова е двеста дваесет и шест, сто дваесет и седум!
- Упс,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
12 мај 2013 (МИА)
- Денеска е Светски ден на медицинските сестри....
1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски...
1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне,...
1845.- Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел,...