Ангела Меркел доби нов мандат

Берлин, 28 декември (МИА) - Демохристијанскиот блок на чело до досегашниот канцелар Ангела Меркел (55) на вчерашните парламентарни избори во Германија освои 33,8 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултатите.

Демохристијанскиот блок составен од Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ), заедно со либералната Слободна демократска партија (ФДП), за која гласаа 14,5 проценти од Германците, би можеле да формираат влада.

- Успеавме да освоиме солидно мнозинство, за да составиме нова Влада на блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) и либералната Слободна демократска партија (ФДП). Постигнавме нешто неверојатно. Успеавме да ја постигнеме предизборната цел за стабилно мнозинство за нова влада на Германија. Сакам да бидам канцелар на сите Германци, за да ја подобрам ситуацијата во земјата, изјави Меркел по изборите.

Лидерот на Либералите Гвидо Вестервеле изрази задоволство од одличниот резултат и им се заблагодари на избирачите за најдобриот резултат што досега го постигнала неговата партија - над 14 проценти од гласовите според првичните прогнози на германските телевизии.

Лидерот на Социјалдемократите Франк Валтер Штајнмаер го призна поразот на партијата.

- При сегашната состојба на работите блокот на ЦДУ и ЦСУ и ФДП имаат мнозинство и ќе формираат влада. Тоа е горчлив пораз. Не чека нова улога - улога на опозициска партија, рече Штајнмаер, кој изминатите четири години беше министер за надворешни работи.

Сегашниот изборен резултат на германските Социјалдемократи од под 25 проценти е најнискиот од Втората светска војна.

Изборите имаа рекордно слаб одѕив од 72 отсто, а од другите партии левицата освои 12,5 отсто, а зелените 10,1 проценти од галсовите. На изборите учествуваа 29 од вкупно регистрираните 103 политички партии. Се гласаше на 80.000 избирачки места и 299 изборни окрузи.

Во исто време со сојузните избори во Германија се одржаа и покраински избори во двете германски федерални единици - Шлезвиг-Холштајн и Бранденбург. Германците за сојузниот Парламент гласаат на четири, а за покраинските на пет години.

Победата на Мерлкел и ја честитаа американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Гордон Браун и францускиот претседател Никола Саркози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...