ЕУ има таен план да стане светска сила

Лондон, 7 октомври (МИА) - Европската унија има таен план да постане светска сила со овластување да склучува меѓународни договори во име на своите членки, објави денеска Дејли телеграф.

За време на тајните преговори за примена на Лисабонскиот договор изнесени се предлози дека ЕУ треба да склучува договори, па дури и да отвори амбасади ширум светот.

Според доверлив документ, првите пилот „амбасади“ би требало да бидат отворени во Њујорк, Кабул и Адис Абеба. Таа одлука е донесена пред референдумот во Ирска и подразбира формирање нова дипломатија со повеќе од 160 претставници и амбасадори ширум светот.

Според директорот на независниот британски институт Отворена Европа, Лорен Малали тој план подразбира огромен трансфер на власт и поради тоа ЕУ повеќе ќе изгледа како држава отколку како унија на држави заснована на меѓународен договор.

- Тоа значи дека ЕУ, а не членки, за првпат од основањето ќе може да потпишува меѓународни договори - за надворешна политика, одбрана, борба против криминалот и прашања од доменот на судството, изјави таа.

Во доверливиот документ во кој весникот имал увид се додава дека постои потреба да се воведат правни измени и да се формира Европска надворешна служба односно дипломатски и странски сервис со „глобален географски опсег“.

Амбасадорите во вторникот почнале тајно, да работат на основање нови институции - ЕААС, министер за надворешни работи и претседател на ЕУ, кои се предвидени со Лисабонскиот договор. Начелни одлуки ќе бидат донесени иако Чешка и Полска се уште не го ратификувале Лисабонскиот договор, наведува Дејли телеграф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...