Берлускони нема намера да поднесе оставка

Рим, 7 октомври (МИА) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави дека нема намера да поднесе оставка, откако Уставниот суд го оцени како неуставен законот за имунитет, благодарение на кој тој досега избегна три судски процеси.

Берлускони истакна дека Уставниот суд се претворил во „политички орган на левицата“.

- Таквите работи ме вознемируваат, тоа ги вознемирува сите Италијанци. Да живее Италија и да живее Берлускони, изјави премиерот.

Италијанскиот Уставен суд претходно денеска го прогласи за неуставен законот, нагласувајќи дека со него се нарушува принципот содржан во италијанскиот Устав дека сите граѓани пред законот се еднакви. Против одлуката на 15-члениот судски совет не може да биде поднесена жалба.

Контроверзниот закон, наречен „Алфано“, според министерот за правда Анџелино Алфано, беше еден од првите закони, кои ги усвои конзервативната Влада на Берлускони минатата година, кога го освои третиот мандат. Според овој закон вршителите на четирите највисоки државни функции, претседателот, премиерот и претседателите на двата дома на Парламентот имаат имунитет од кривично гонење.

Берлускони во рамки на еден од процесите е обвинет за давање мито, во друг процес за затајување данок, а во трет за обид да подмити опозициски сенатори. Тој тврди дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...