Две, три прашања за Медведев

Стотици трубачи, кои со десетици илјади евра ќе ги закитат српските нафташи за да покажат гостопримство на својот енергетски патрон, претседателот на Русија, е нова потврда дека ниту суровата транзиција не ги промени традиционалните навики кај Србите, да вбризгуваат адреналин во политиката.

Додека лидерите на словенските браќа од Волга во меѓувреме го прифатија рационалниот прагматизам, политичките Магелани од Белград неодамна открија дека Земјата не е плоча од Вашингтон до Брисел, па се фрлија на „напорна работа“ (В. Јеремиќ) за да го обезбедат пречекот на Дмитриј Медведев. Би било добро сегашните домаќини да памтат како по емотивното добредојде на Коштуница, Путин кусо се заблагодари, а потоа даде збор на „Мишка“, па шефот на Гаспром Алексеј Мишка Милер со студен тон ги собираше српските долгови.

Нема врска. Притиснати со емоции Белграѓани по улицата Кнез Михалјова потпишуваат благодарница со големо „спасиба“. Во Шабац горат од возбуда членовите на новата српска партија Моја Русија, која се залага за обединување со „православната мајка и лулка Русија“.

Рускиот амбасадор одмерено вели дека посетата означува „пресврт во односите“. Српските политичари веќе ја нарекуваат „историска“.

Српско-руските односи имаа разни „историски“ раскрсници во текот на последните децении. Од нераскинливото повоено пријателство меѓу Тито и Сталин до нивното „историско“ разминување. Од помирувањето во текот на „историската“ посета на Хрушчов до драматичното заладување во време на унгарската криза или советската окупација на Чехословачка. Од доаѓањето на Брежњев во Белград, за последен пат да се прости од маршалот кој не го сакаше, до Милошевиќ кој отворено го поддржа обидот за симнување на Елцин.

Затоа нема да ја употребувам придавката „историски“. Може да се каже дека посетата на Медведев е многу важна, посебно за земја чиј претседател многу почесто е гостин отколку домаќин.

Русија од секогаш имала интереси на Балканот, посебно по насилниот распад на Југославија, кога барајќи да ги зајакне позициите во светот, ги праќаше своите политичари да интервенираат. И Елцин и Путин одбиваа на Западот да му дозволат да оствари предоминантно влијание на Балканот.

Тензиите меѓу Русија и Западот почнаа да растат кога во регионот се вмеша НАТО. Врвот беше достигнат во текот на бомбардирањето на Србија во1999 година и директниот воен судир на аеродромот во Приштина во јуни таа година. Елцин тогаш спомнуваше можност за „трета светска војна“, но Кремељ набрзо сфати дека своето влијание на Балканот подобро ќе го оствари низ соработка, а не низ конфронтација со Западот.

Балканските конфликти Путин ги поставуваше во поширока рамка на „меѓународен тероризам“, тврдејќи дека Русија и Запад имаат заеднички непријател. Судирот на интересите беше со мал интензитет, а подоцна се засили поради прашањето за Косово.

Политиката цело време се преплетува со енергијата. Во јуни 2007 година прво од енергетскиот самит на Балканот во Загреб, а потоа од средбата на Организацијата за економска соработка со земјите на црноморскиот басен во Истанбул, Путин јасно ги потврди регионалните амбиции со кои Русија ја остварува својата позиција на енергетски диригент во Европа.

Медведев ја продолжува таа политика. Руската политичка елита, со поддршка на медиумите, црквата и научните кругови, верува дека одржувањето и засилувањето на влијанието на Русија на Балканот е еден вид национална обврска.

Од друга страна, Русија со САД, ЕУ и Кина е една од четирите столбови на новата српска надворешна политика, кое од гледиште на националните интереси, а не емоции, е секако добро. Откако пукна стартерскиот пиштол од Москва за подобрување на односите, кога Москва застана зад Белград во врска со Косово, а Белград го најде својот спасител, трката и квалитативно и квантитативно доби на брзина.

Имено, со Медведев, тврдат, стигнува и милијарда долари кредит, иако ме загрижува што барателот е порадосен од кредиторот: размислува само за тоа како да ги пополни буџетските дупки и да ја избегне социјалната криза која може да иницира предвремени избори. Какви се условите на кредитот не знаеме, а кој и колку долго ќе го враќа, тоа веќе знаеме.

Бината на трубачите кои подготвуваат гласно добредојде на рускиот лидер е подигната најмногу поради Косово. Политичари од разни бои на истата тема исто така ќе се заблагодарат на поддршката од Кремељ, користејќи ја симболиката на денот на ослободувањето на Белград, да покажат дека сеуште Србија не го заборавила антифашизмот, можеби и да ветат дека ќе го вратат името на маршалот на улиците и името на генералот на Црвената армија.

Не сакам со штоперица да го мерам времето кое Медведев ќе го помине во Белград, споредувајќи го резултатот со должината на посетата на потпретседателот на САД, но несомнено е дека нема многу време. За разлика од темите за кои би можело да се разговара.

Медведев ќе дојде во време кога Русија и Америка ги ресетираат своите односи. Двете сили се согласни дека треба да го намалат нуклеарниот арсенал. Шефот на Белата куќа се откажа од спорниот нуклеарен штит. Сето тоа ја намалува тензијата на глобално ниво.

Така е таму, во големиот свет. А тука на Балканот? Ние сме притиснати со етнички тензии, сепаратизам, ревизија на древната и неодамнешната историја.

Ќе биде интересно да се слушне што има Медведев да каже за Балканот во контекст на неговата иницијатива за нови аранжмани околу евроазиската безбедност. Проблемите со Косово, Јужна Осетија, Абхазија или Нагорно Карабах, мора да бидат решени за да може рускиот претседател да си обезбеди консензус, не само во Србија, туку и во ЕУ, Грузија, Ерменија и Азербејџан. Пред унилатералното прогласување на независноста на Косово, Русија со хаубичка реторика се закануваше дека ќе го спречи отцепувањето на Косово, со поддршка до владата во Белград, чиј премиер јавно веруваше дека Косово од Србија може да се одвои само по „пат на сила“.

Откако тоа се случи, а еден број најважни држави од Западот го признаа Косово, откако по војната во Грузија Москва го призна отцепувањето на Абхазија и Јужна Осетија, Косово беше фрлено во руската игра со НАТО. Дел од реномето кое го изгуби Моксва, бидејќи не ја спречи независноста на Косово, брзо го поврати блокирајќи го НАТО по забрзана постапка да ги прими во членството Украина и Грузија.

Руската реторика за спротивставувањето на независноста на Косово, навистина и понатаму е присутна, но со намален интензитет. Дали тоа е наговестување дека Москва, откако го обезбеди влијанието во Србија, може тивко да прифати, Косово да тргне по својот пат во Европа? Дека Медведев го реализира планот на евроазиската безбедност?

Секако тоа би имало своја цена. Да речеме дека Германците со своето влијание ќе обезбедат НАТО да не се шири подалеку кон Кавказ. Така фокусот на интересите на руската безбедност од расрксницата со Европа, ќе се префрли на раскрсницата со Азија. Кавказ е Балкан на Русија.

Од Медведев ќе слушнеме дека Русија продолжува да ја поддржува дипломатската битка на Србија на Косово, но да сум од другата страна на масата, би се обидел да дознаам дали тука има нешто.

Од Медведев ќе слушнеме и дека Русија ги охрабрува амбициите на Белград за влез во ЕУ, но дали Тадиќ ќе го покрене прашањето Србија-НАТО? Па да знаеме дали стравот од Русија е оправдување за оддалечувањето на Белград од евроатланските интеграции. Дали Русите навистина се закануваат или тоа е параван за домашните отстапки на популизмот и национализмот?

Можеби домаќините може гласно ќе го прашаат: Дмитриј Анатољевич, дали сте вие против тоа Србија да влезе во НАТО како во случаите со Украина и Грузија, или немате ништо против тоа, ние самите да одлучиме?
Можат уште нешто да прашаат: разбираме дека и после Путин и после Вас останува Гаспром, но зошто руските компании купуваат многу претпријатија во Србија, а не инвестираат свеж капитал?

Русинот секако нема да пропушти да праша се што го интересира. Би било добро и ние да поставиме некои чувствителни прашања и да добиеме одговори, па без разлика дали едните и другите ќе ги кријат од јавноста, барем за некое време.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...