Забрзаната урбанизација на Мадеира - причина за катастрофата

Лисабон, 22 февруари (МИА) - Според еколози и експерти природната катастрофа, која го зафати португалскиот остров Мадеира за време на викендот при што загинаа најмалку 42 лица, е причинета од моделот на забрзана урбанизација во последните 30 години на островот, што, според нив, било на штета на животната средина и правилата за безбедност.

- Она што се случи на Мадеира е типичен пример до што може да доведе лошо планирана урбанизација, изјави Рикардо Рибеиро, претседател на Португалската асоцијација на техничарите од Цивилната заштита.

Според него, изградбата на станбени објекти во поплавените зони и непропустливоста на почвата, причинета од бетонирањето, особено во јужните реони на островот најзасегнати од поплавите и свлечиштата, делумно го објаснуваат големиот број жртви - 42 загинати и над 120 ранети според неофицијалните податоци.

Во последните 30 години португалскиот остров Мадеира преживеа спектакуларно модернизирање преку политиката на забрзана изградба, финансирана во голем степен од ЕУ.

Според екологот Хелдер Спинола, политиката на масовна изградба на згради, патишта и инфраструктура во близина до водените пространства предизвикала „непропустливост на почвата преку асфалтирање и бетонирање, што се заканило на нормалниот тек на трите главни реки кои минуваат преку Мадеира“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...