Фокландите се британски и такви ќе останат

Лондон,24 февруари (МИА) - Фокландските острови се британска територија, населена со Британци и тоа така ќе остане и натаму, пишува „Тајмс“, во својот коментар посветен на брзото заострување на односите меѓу владите во Лондон и Буенос Аирес.

Аргентина го интернационализира својот спор со Велика Британија околу суверенитетот на островите, барајќи интервенција од ОН, откако британски компании почнаа со дупчење на тлото на морското дно, пренесува дописникот на МИА од Лондон.

Лондонскиот весник забележува дека поради едногласната поддршка на аргентинските ставови од страна на латиноамериканските земји и молчењето на САД, политичката позиција на Велика Британија сега е полоша од онаа пред 28 години, кога избувна британско-аргентинска војна за островите, но сега земјата е многу посилна отколку во 1982 година.

Архипелагот во јужниот Атлантик повеќе не е небранета територија,туку таму има илјада војници, воена база, аеродром, четири ловци бомбардери, како и најсовремена електронска опрема за рано предупредување.

"Тајмс" смета дека иако двете земји ја отфрлаат можноста за нова војна меѓу армиите на двете земји, во водите околу Фокландските острови веќе е испратена една британска подморница, а фрегатата „Јорк“ што веќе беше во тој реон ќе остане таму подолго време.

Според весникот, одлуката за испитување и вадење нафта од морското дно е одлука на локалните власти на островот. Ако тие сметаат дека треба да се трага по нафтата, никој, па ни Аргентина, нема право да им го попречи тоа, заклучува „Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...