Соборете ме ако можете

Киев, 24 февруари (МИА) - Украинскиот премиер Јулија Тимошенко ги предизвика денеска нејзините политички противници во Парламентот да ја соборат од власт, изгласувајќи и недоверба.

Тимошенко ова го изјави еден ден пред Виктор Јанукович да стапи на должноста претседател на Украина, откако со мала предност ја победи премиерката на изборите на 7 февруари.

- Државата има потреба од јасен одговор за тоа кој е одговорен за нејзиното функционирање, за обезбедување на сите форми на развој и ние како тим едноставно сме должни да и го дадеме на земјата тој одговор, рече Тимошенко на седница на Владата.

Партијата на регионите на Јанукович му ја предаде денеска на Парламентот доработената нацрт уредба за изгласување недоверба на Владата на Тимошенко, чие усвојување би довело до оставка на кабинетот. Според авторите на нацртот, политиката на Владата на Тимошенко придонела за заострување на социјално-економските проблеми во општеството.

Заменик-претседателот на партијата на Јанукович, Ана Герман изјави дека тој никогаш нема да може да ја води државата заедно со Тимошенко како премиер и оти ќе се обиде да ја смени до крајот на пролетта.

За да формира коалиција, која ќе има мнозинство, Јанукович мора да се спогоди со неговиот поранешен политички противник, досегашниот претседател Виктор Јушченко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...