Медведев го повикува Техеран на одговорно однесување

Москва, 25 февруари (МИА) - Рускиот претседател Дмитриј Медведев изрази во интервју за Пари мач, загриженост поради ситуацијата околу Иран и повика Техеран да се однесува одговорно.

Во интервјуто, чиј текст го објави Кремљ, се вели дека „клуч за излез од таа ситуација е само одговорно однесување на Иран“ и потребно е Техеран да ги усогласи своите нуклеарни програми со барања на меѓународни организации, и од друга страна работите во таа област да бидат транспарентни.

- Со кого и да разговарам, од раководители на држави на Блискиот исток до европски држави, тоа сите ги загрижува, вели тој. - Ако се случи нешто тешко, тоа ќе предизвика хуманитарна катастрофа.

Во интервјуто дадено пред посетата на Франција (1-3 март) вели дека во новата руска доктрина НАТО не е главна воена закана за Русија.

Во врска со економската криза Медведев вели дека таа ги приморала државите глобални актери да разговараат со ист, економски јазик и да се обидат заеднички да дејствуваат.

Тој се заложи за создавање нова финансиска структура.

За Русија вели дека е потребно да се реформира стопанството, да се создадат несуровински извори на раст, да се занимава со висока технологија и „да се формира во суштина, нов дел од руската економија“.

Во врска со односите со поранешниот претседател, а сега премиер Владимир Путин, и за себе во врска со претседателските избори во 2012 година, Медведев вели дека е подготвен да ја разгледа политичката иднина на Русија и нивното место во политичката иднина на државата.

- Засега имаме целосно функционален сојуз кој според мене, обезбедува корист за нашата држава, изјави Медведев. Коментирајќи ја изјавата на Путин дека тие двајца се луѓе со „иста крв“ Медведев вели дека тоа и навистина е така. - Неодамна тоа го разјаснивме тоа во медицинска смисла на зборот, наведува Медведев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...