Берлускони сепак „недопирлив“

Рим, 25 февруари (МИА) - Еден италијански обвинител побара денеска од Касациониот суд во Рим да се откаже од обвинението против британскиот адвокат Дејвид Милс, осуден за земање поткуп од италијанскиот премиер Силвио Берлускони, поради застарување на случајот. 

Судот во текот на денов треба да донесе одлука и за жалбата на адвокатот Милс, кој минатата година е осуден на 4,5 години затвор поради земање поткуп од 600.000 долари за да ги прикрие доказите против Берлускони и неговата компанија „Фининвест“ во два случаја од 1990 година.

Доколку Касациониот суд во Рим го одобри барањето на обвинителот Џанфранко Чани, големи се шансите дека ќе се откаже и од случајот за корупција против Берлускони, кој е поврзан со истиот.

И Берлускони и Милс го отфрлаат обвинувањето за давање, односно земање поткуп.

Судењето на Берлускони кон средината на јануари е одложено до 27 февруари, до кога би требало да заврши жалбената постапка во случајот со адвокатот Милс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...