Последните терористички напади во Русија се само алки од една верига

Москва, 31 март (МИА) - Терористичките напади во Москва и Кизлјар се алки од една верига, со која се бориме и ќе продолжиме да се бориме, изјави денеска рускиот претседател Дмитриј Медведев.

На седницата на Советот за безбедност на Русија Медведев изјави дека последните напади се израз на терористичката дејност, која најпосле одново почнува да посетува на своето присуство во Кавказ.

Тој истакна дека „бандидите ќе бидат фатени и уништени“ и вети дека државата ќе укаже поддршка на семејствата на загинатите во експлозиите во Москва и Кизлјар.

Според Медведев, целта на терористите е да ја дестабилизираат Русија, да го разурнат цивилното општество и да посеат страв и паника меѓу населението. - Ние нема да го дозволиме тоа, рече тој.

Медведев, меѓутоа, истакна дека целосното искоренување на тероризмот и екстремизмот наложува работа со луѓето од Северен Кавказ. - Треба да работиме со луѓетп, со групите и да им предложиме нови услови за живот, рече Медведев.

Според шефот на руската држава, многу социјални проблеми во Северен Кавказ остануваат нерешени.

Дванаесет луѓе загинаа денеска во две експлозии во дегестанскиот град Кизлар, а 23 се повредени. Првиот инцидент се случил кога автомобил-бомба експлодирал во близина на гимназијата и републичкото Министерство за внатрешни работи при што загинале двајца полицајци и еден случаен минувач. Полицијата се обидувала да го сопре возилото за контрола, но бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...