Браун бара нов мандат, а Камерон порачува дека е „време за промена“

Лондон, 6 април (МИА) - Британскиот премиер Гордон Браун и формално објави денеска дека парламентарните избори во Велика Британија ќе се оддржат на 6 мај. Претходно, претпладнево, тој ја посети кралицата Елизабета во Бакингамската палата, каде доби согласност за распуштање на сегашниот состав на Парламентот, јави дописникот на МИА од Лондон.

Долниот дом на британскиот Парламент ќе биде распуштен на 12 април. Во присуство на сите членови на Владата, собрани пред влезот во Даунинг стрит 10, Браун побара уште еден мандат за лабуристичката партија, што е непрекинато на власт уште од 1997 година. Во кусо излагање, во кое тој веднаш ја започна предизборната кампања, актуелниот лабуристички лидер и премиер рече дека земјата е „на патот од своето економско опоравување, по рецесијата и дека ништо не би смеело да го доведе во ризик нејзиното закрепнување“, праќајќи им порака на гласачите дека секое нивно определување за опозиционите ториевци ќе предизвика прекин на процесот за економско заздравување.

Лидерот на конзервативната партија Дејвид Камерон, на другата страна од Лондон им порача на Британците дека тој и неговата партија се „модерната конзервативна алтернатива“, нудејќи им притоа на луѓето, како што рече „надеж, оптимизам, промени и нов почеток“ за Британија. Лидерот на либералдемократската партија Ник Клег, меѓутоа, во своето прво предизборно обраќање изјави дека само тој и неговата партија се „вистинската промена“ за земјата. Тој смета дека овие избори нема да бидат „трка на двајца“, најавувајќи многу поголем удел за либерелдемократите, затоа што според неговото мислење, Велика Британија „плаче за нешто поразлично“ од она што го нудат двете главни партии, лабуристите и конзервативците.

Главната битка во следните четири недели до изборите ќе се води околу економијата и стабилизирањето на земјата по „најтешката рецесија“ во последните шест децении, за натамошно одржување на главните јавни служби во земјата, за совладување на рекордната јавна потрошувачка, оданочувањето и за враќањето доверба во политиката и политичарите, по бројните скандали што се случуваа изминатата година.

Сите прогнози засега укажуваат дека најголема поддршка во домашната јавност има опозиционата конзервативна партија, но нееднаква е разликата што се прикажува меѓу двете главни партии, која директно определува кој и во колкав обем ќе ја има контролата врз Долниот дом и ќе добие мандат за состав на Влада. Според прогнозата, направена врз анализите на пет различни агенции, кога сега би имало избори, ториевците би добиле 38 отсто од гласовите, лабуристите 31, а либералдемократите 20 отсто од гласовите на Британците. Тоа ќе му обезбеди мнозинство на Камерон во Долниот дом, но тоа ќе го тера или да бара коалиција со некого, или да управува во услови кога секој момент ќе може да стравува дека некој од законите и законските проекти ќе бидат блокирани, или соборени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...