Вулканот дневно исфрла од 150.000 до 300 000 тони јаглерод диоксид

Париз, 20 април 2010 (МИА) - Исландскиот вулкан Еја-фјала-јокул дневно исфрла меѓу 150 и 300 илјади тони јаглерод диоксид и ако тоа ниво се одржи во текот на годината , вулканот ќе се изедначи според штетите со ефектот на стаклена градина во Австрија, соопштија агенциите повикувајќи се на двајца експерти.

При сето ова, количествата јаглерод диоксид од вулканите како целина и Еја-фјала-јокул во неговиот дел се незначителни во споредба со вкупните емисии на гасови со ефект на стаклена градина, подвлекува францускиот вулканолог Патрик Алар.

Нема единечни податоци за количеството ЦО2 од исландскиот вулкан од неговото прво еруптирање на 14 април, но можат да се направат претпоставки, споредувајќи ги со податоците од претходното исфрлање пепел од 20 март.

При првото исфрлање во атмосферата беа исфрлени по 15.000 тони ЦО2 дневно.

Сегашното исфрлање магма е меѓу 10 и 20 пати поголемо, и ако како основа се земе долната граница на количество ЦО2 исфрлено од вулканот, веројатно е 150.000 тони на ден, посочува геологот Колин Макферсон од универзитетот во Дурам.

Врз основа на слични пресметки Патрик Алар стига до резултатот дека вулканот сега исфрла 20 пати повеќе ЦО2, отколку во првата фаза на ерупцијата, што изнесува околу 300.000 тони дневно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...