Британците избираат нов состав на Долниот дом на Парламентот

Лондон, 6 мај 2010 (МИА) - Гласачите во Велика Британија денеска избираат нов состав на Долниот дом на британскиот Парламент, на најнеизвесните и најнепредвидливите избори во земјата по 1992 година, во кои опозициската Конзервативна партија и нејзиниот лидер Дејвид Камерон настојуваат да ја прекинат 13-годишната доминација на Лабуристичката партија, која предводена од Тони Блер, трипати едно подруго победи на изборите меѓу 1997 и 2005 година.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, лабуристите и нивниот сегашен лидер, актуелниот премиер Гордон Браун, настојуваат пак да обезбедат и четврти мандат, што за нив би значело историско постигнување, што оваа партија го нема никогаш досега забележано.

Во трката по пратенички места во Долниот дом на Вестминстер, покрај овие две партии,  на овие избори учествува и значително засилената партија Либерални демократи, чиј лидер Ник Клег имаше мошне успешни телевизиски дебати, како и уште десетина регионални и помали партии. Тоа се пред се, партиите на шкотските и велшките националисти, на северноирските унионисти и републиканци, како и партијата на зелените, евроскпетичната Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП) и ултра десничарската Британска национална партија (БНП).

Ниту една од трите главни партии до пред отворањето на гласачките места не успеа да обезбеди позначајна поддршка од гласачите и предност, што на денешното гласање би гарантирале уверлива победа.

Последните мерења на рејтингот на партиите покажува дека конзервативците имаат предност пред лабуристите, која во зависност од агенцијата што ја спровела анкетата, се движи меѓу шест и девет отсто. Тоа преставува натамошно подобрување на нивните позиции, што ветува победа, но не гарантира самостојно формирање на новата влада.

Доколку по денешното гласање, распоредот на силите во Долниот дом остане онаков како што тоа го предвидуваат прогнозите, тогаш во Велика Британија по приближно четири децении ќе мора да има коалицирање или договор за поддршка при гласањето со либералдемократите, односно со помалите партии.

Втора варијанта на евентуалниот „немнозински“ Парламент би била одржување на малцинска влада. Последен пат, ваква ситуација имало во 1974 година, кога во рок од десет месеци британските гласачи на два пати излегувале на избори.

На денешното гласање треба да се изберат 650 пратеници, пет повеќе отколку во 2005 година, поради измените во територијата на дел од изборните единици. За апсолутна победа на една партија се неопходни барем 326  пратеници. Победник во една изборна единица е кандидатот за пратеник кој ќе освои најмногу гласови, независно од процентот и од одзивот на гласачите.

Изборните места се отвораат од седум часот по локално време и Британците ќе може да гласаат до вечерва во 22 часот. Во Англија, освен за пратеници, се гласа и на делумни локални избори.

Првите резултатите од годинешниве избори се очекуваат утре во раните утрински часови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...