Конзервативците победија на изборите во Велика Британија

Лондон, 7 мај 2010 (МИА) - Конзервативната партија на Дејвид Камерон се наоѓа во водство, по досегашното пребројување на гласовите од вчера одржаните парламентарни избори во Велика Британија, но за околу дваесетина гласови нема да успее да обезбеди и апсолутна мнозинство во Долниот дом на Парламентот, јави дописникот на МИА од Лондон.

Од досега избраните пратеници од вкупно 650-те членови на Долниот дом, конзервативците имаат 271 пратенички места, што е зголемување за 82 пратеника, додека лабуристите на Гордон Браун 218 пратеници, загубувајќи досега 78 месста, што ги држеа во претходниот парламентарен состав. На третата позиција останува партијата Либерални демократи на Ник Клег, која засега освои само 44 пратенички места.

По пребројувањето на сите гласови, се очекува торевците да имаат 309 пратеници, лабуристите 259, либералдемократите 54, а сите други партии, вклучувајќи ги и оние од Шкотска, Велс и Северна Ирска, заедно да имаат 28 пратеника во Вестминстер.

За апсолутна победа се потребни 326 пратеника, што според предвидувањата ториевците не ќе може да ги обезбедат, па британскиот Парламент за прв пат по 1974 година ќе биде без апсолутно мнозинство од една партија.

Во првите реакции на досегашниот тек од гласањето, лидерот на победничката партија Дејвид Камерон изјави дека „веќе е очигледно оти Гордон Браун нема кредибилитет за да управува со Велика Британија“.

Браун, кој во текот на ноќта се врати во Лондон од својата куќа во Шкотска, каде и гласше, само рече дека е „горд со резултатите на лабуристите во изборната ноќ".

Досега е соопштено дека поранешните министри за внатрешни работи Џаки Смит и Чарлс Кларк ги загубија своите пратенички места, како и дека повеќемина лабуристички заменици министри доживеаја порази од ториевски противкандидати. Како големо изненадување се смета и поразот на актуелниот премиер на Северна Ирска Питер Робинсон, кој го загуби своето пратеничко место во Вестминстер.

Навестувањата за немнозинска победа на ториевците, остава можност за бројни предвидување кој ќе може да формира влада. Либералдемократите не само што нема да дојдат до посакуваните 100 пратенички места, туку најверојатно и не ќе може да ја достигнат бројката од 62 пратеника, колку што имаа досега, но тие и натаму остануваат важен фактор за формирањето влада во новиот состав на Парламентот.

Поранешниот министер за внатрешни работи Дејвид Бланкет изјави дека лабуристите ги загубија изборите, па ториевците доколку останат на мнозинството што сега го имаат би требало да формираат влада.

Досегашниот министер за образование Ед Болс, кој важи за најблискиот сојузник на Браун во Владата, меѓутоа, рече дека лабуристите „продолжуваат понатаму“, навестувајќи ја можноста да се обидат да останат на власт со создавање коалиција со либералдемокретите.

Во новиот Парламент за прв пат свој пратеник ќе има партијата на Зелените на Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...