Конзервативната партија има право да формира влада

Лондон, 7 мај 2010 (МИА) - Лидерот на британската либералдемократска Партија Ник Клег изјави денеска дека конзервативците имаат право да ја формираат новата влада на Велика Британија, затоа што тие на вчерашните парламентарни избори освоија најмногу пратенички места, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во изјавата за медиумите, Клег ги предизвика конзервативците, нудејќи им ја својата партија за соработка и притоа потсети дека уште во кампањата најави оти е подготвен за соработка по изборите со онаа партија што ќе освои најмногу гласови и што ќе има најмногу пратеници во Долниот дом.

- Сега е време ториевците да докажат дека можат да најдат начин за управување што ќе биде во интерес на целата земја, рече Клег. Според лидерот на третата по големина партија во Вестминстер, изборните резултати бараат од сите партии и од политичките лидери во земјата да дејствуваат повеќе во национален интерес, а помалку за задоволувањето на своите тесно партиски потреби. Како основа за соработка Клег бара согласност за менување на сегашниот британски изборен систем, за што како сега стојат работите може да најде повеќе разбирање кај Лабуристичката партија на Гордон Браун, отколку кај победниците на изборите,ториевците на Дејвид Камерон.

Либералдемократската партија доживеа пораз на овие избори, што се смета за големо изненадување, затоа што сите анкети покажуваа засилен напредок на партијата и посебно на нејзиниот лидер. Клег, во само една недела по првата телевизиска дебата, помогна да се зголеми рејтингот на либералдемократите за цели десет отсто, но тоа се покажа дека не влијаело на решението на гласачите одново да се определуваат меѓу конзервативците и лабуристите, оставајќи ја оваа партија и натаму да биде само трета политичка сила во Британија.

Според досега преброените резултати, партијата на Клег има освоени 53 пратенички места, што е помалку од добиените 62 на изборите во 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...