Никола Саркози не сака високи телохранители

Париз, 7 јуни 2010 (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози кој не е посебно висок наредил да не се ангажираат високи телохранители.

Полициски неименуван извор за францускиот весник „Паризиен“ изјавил дека високите телохранители дискретно биле советувани да не се кандидираат за обезбедување на претседателот, бидејќи нема да бидат ангажирани.

Претседателското обезбедување сега брои околу 80 телохранители, а во 2002 година  околу 50 луѓе. Зголемувањето се должи на тоа што во 2002 година  маж со психички проблеми успеа да пука од ловечка пушка во претходникот на Саркози, Жак Ширак.

Саркози е посебно чувствителен кон својата висина околу 165 сантиметри со што е понизок и од Наполеон. Тој прави се за да не изгледа низок при своите изјави на меѓународната сцена или кога е заедно со својата сопруга Карла Бруни која носи ниски чевли.

Саркози освен што носи специјални чевли со дебели ѓонови забележан и е дека стои на прсти кога позира на заедничките слики со другите светски лидери, а минатата година при одбележувањето на годишнината од десантот во Нормандија се имаше качено врз кутија за да биде рамо до рамо со американскиот претседател Барак Обама.

Забележан е и случајот кога работниците од француската автомобилска индустрија биле поканети на прием кај Саркози, но претходно биле одбрани посебно ниските по раст. Елисејската палата ваквото тврдење го отфрли како „гротесно и апсурдно“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...