Белгија има право на последна шанса

Брисел, 14 јуни 2010 (МИА) - Победата на фламанските националисти на вчерашните парламентарни избори во Белгија претставува повик за промени, оценуваат во денешните изданија белгиските весници запрашувајќи се дали партиите на холандските Фламанци и франкoфонските Валонци конечно ќе успеат да постигнат компромис за зачувувањето на единството на земјата.

Весникот „Соар“ оценува дека „судбината на Белгија е во рацете на победникот на вчерашните избори Барт де Вевер, лидер на сепаратистичката Нова фламанска алијанса (НВА) и на Елио Ди Рупо, прв човек на франкофонската Социјалистичка партија, која освои најмногу гласови во Валонија.

Успехот на Де Вивер е историски, но Фламанците не го обврзуваат, барем не веднаш, да прогласи независност на Фландрија. Гласачите сепак јасно и силно покажаа дека сакаат реформи на земјата и поголема автономија за регионите, смета весникот.

„Стандард“ нагласува дека Де Вевер и Ди Рупо „ги држат клучевите на куќата Белгија“. - Ако тие двајцата се договорат ќе ги остварат своите сништа да си обезбедат значајно место во учебниците по историја на Белгија, поради договорениот широк компромис, заклучува весникот.

Економскиот весник „Тијд“ изразува скепса околу можноста за коалиција меѓу фламанските националисти и валонските социјалисти, оценувајќи дека тие „немаат многу знаедничко“.

Весникот „Либр Белжик“ се запрашува што ќе направи Де Вевер со победата и дали ќе биде способен да направи отстапки, додека левичарскиот весник „Морген“ смета дека тој има избор или да постигне договор со валонските социјалисти за реформа на Белгија или да примени стратегија на уривање и блокирање.

„Дерниер Јор“ смета дека франкофонските Валонци треба да престанат да ги затвораат очите пред силните националистички стремежи на Фламанците и да им дадат соодветен одговор.

Либералниот весник „Латсте Њуз“ оценува дека изборните резултати претставуваат „јасен сигнал од Фламанците за Валонците“. - Сите партии треба да сфатат дека се уште имаат шанса да престанат да викаат „не“, да запрат со изолацијата, да седнат на маса и да разговараат како возрасни, заклучува весникот.

Според конечните резултати од вчерашните избори, НВА освои 17,40 проценти од гласовите пред валонската Социјалистичка партија (ПС) со 13,70 и фламанската партија Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) со 10,85 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...