Билансот на загинатите во пожарите во Русија достигна 50 лица

Москва, 5 август 2010 (МИА) - Билансот на загинатите во пожарите во Русија се зголеми на 50 лица, а бројот на пожарите се зголеми за 69, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Една жртва е пронајдена при расчистување на урнатините од опожарена куќа во Нижњегородската област, а едно лице почина во болница во Вороњешката област.

На територијата на Русија се забележани 843 пожари, а вкупната површина зафатена од огнената стихија изнесува 196 илјади хектари.

Во гаснењето на шумските пожари и запалените полиња со тресет се вклучени околу 162 илјади лица и над 26 илјади возила и летала.

Италија, по наредба на премиерот Силвио Берлускони, испрати два авиони од типот „канадер ЦЛ415“, кој наеднаш можат да испуштат шест тони вода. Од Украина се очекува пристигнување на две противпожарни одреди во Вороњешката област, каде веќе се ангажирани два украински авиони „антонов 32“. Во Нижњегородската област пристигнале два „љушина 76“ од Ерменија, а се очекува во Липецката област да пристигнат и хеликоптери Ми-17 и Ка-32 од Азербејџан. Помош понудиле и Белорусија, Казахстан, Германија, Бугарија и Полска.

Во Москва и натаму се забележани невообичаени жештини, а изутринава главниот руски град повторно е под „завеса од чад“, но нешто поретка од вчера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...