Крајно скептично е соопштението на ЕТА за прекин на вооружената борба

Мадрид, 6 септември 2010 (МИА) - Шпанската Влада се воздржа од официјални коментари на соопштението на баскиската ЕТА за „прекин на вооружената борба за слобода и независност на државата на баскијците“.

Според извори од Владата, премиерот Хосе Луис Сапатеро смета дека соопштението е „крајно скептично“ и „двосмислено со цел да внесе недоразбирање“.

На инсертите прикажани на Би-Би-Си, се гледаат тројца маскирани луѓе. Во соопштението се вели дека организацијата го донела тоа решение пред неколку месеци „за да биде дадена можност за демократски процес“.

Не се прецизира дали примирјето е трајно или привремено.

Владини извори за весникот Паис тврдат дека соопштението е „очигледно недоволно“.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Алфредо Перес Рубалкаба денеска со група експерти, ќе го разгледа видео-записот и ќе даде оценка за содржината, јавуваат локалните медиуми.

ЕТА е формирана на 31 јули 1959 година и се бори за независност на Баскија. ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација. Од шеесеттите години досега бројот на жртвите што ги ликвидира ЕТА е 829. Групата не извршила терористички напади од 9 август минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...