Се враќа Путин

Лондон, 7 септември 2010 (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин потврди дека планира да се кандидира за трет мандат како претседател на Русија во 2012 година, инсистирајќи дека на тој начин нема да биде повреден Уставот на земјата, пишува лондонски „Индепендент“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во изјава за весникот, Путин не скриено потврдува дека сака да се врати на своето старо работни место во Кремљ кога ќе дојде време за тоа.

- На крајот на идната или на почетокот на 2012 година ќе разговарам заедно со претседателот Дмитриј Медведев околу ова прашање, вели рускиот премиер за „Индепендент“.

Во изјавата Путин сепак објаснува дека до тогаш и тој и Медведев целосно ќе се посветат на своите сегашни функции, како и дека нема да направат ништо што би можело да се разбере како прекршување на Уставот на земјата.

Путин во 2008 година мораше да се повлече од Кремљ откако функцијата претседател ја извршуваше во два мандата едноподруго, колку што тоа го дозволува Уставот на Русија. По завршувањето на сегашниот мандат на Медведев во 2012 година, нема уставни пречки Путин одново да биде избран за претседател, сега уште со продолжен мандат од шест години. Тоа значи дека Путин, што во такви околности ќе користи два мандата, може да остане на власт во Русија се до 2024 година.

Актуелниот премиер објаснува дека не гледа никакво изигрување на уставните обврски со неговата намера повторно да биде руски претседател, споредувајќи ја својата ситуација со случајот на Франклин Рузвелт, кој единствен бил избран за претседател на САД повеќе од два пати.

- За Рузвелт Американците гласаа дури четири пати, па никој не вели дека бил загрозен или прекршен Уставот на САД, забележува Владимир Путин во разговорот за „Индепендент“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...