Владикавказ, 9 септември 2010 (МИА) - Најмалку седум луѓе загинаа, а 30 се повредени во силната експлозија што се случи на централниот пазар во Владикавказ, главникот град на руската република Северна Осетија.
- Експлозијата е самоубиствен напад, изјави лидерот на Северна Осетија, Таимураз Мамсуров.
На местото на инцидентот пронајдено е обезглавеното тело на бомбашот-самоубиец, кој го активирал автомобилот-бомба. Се претпоставува дека во автомобилот имало 10 килограми експлозив.