Папата Бенедикт во „историска посета“ на Велика Британија

Лондон, 16 септември 2010 (МИА) - Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска пристигнува во Единбург, кој е прва етапа од неговата четиридневна посета на Велика Британија.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, ова е прва официјална посета на еден поглавар на Римокатоличката црква во историјата на британско-ватиканските односи и на односите меѓу Католичката и Англиканската црква, како и прва посета воопшто на еден папа по 1982 година.

Во палатата Холируд во Единбург папата ќе се сретне со британската кралица Елизабета Втора, како и со членовите на кралското семејство, а по прошетката низ улиците на градот, ќе отпатува во Глазгов каде ќе одржи голема миса на отворено. На мисата се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади верници од Шкотска, како и од северните делови на Англија и Велс, но и од Ирска.

По престојот во Шкотска, католичкиот поглавар ќе допатува во Лондон. Посетата ќе заврши во недела во Бирмингем, каде по повод беатификацијата на англискиот католички кадинал Џон Хенри Њумен, ќе биде одржана уште една миса на отворено за десетици илјади верници.

Организаторите соопштија дека не се продадени сите влезници за мисите и молитвите што ќе се одржат надвор од католичките храмови, но се очекува илјадници Британци да го пречекаат и да го поздрават поглаварот на Католичката црква за време на неговата посета.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, во специјалната изјава по повод посетата, рече дека таа има „историско значење“ и дека таа ќе придонесе за натамошно зацврстување на односите меѓу Велика Бртанија и Светата столица.

Во официјалното соопштение на Ватикан пред доаѓањето на папата, се вели дека папата ќе го истакне значењето на улогата што ја има религијата за сите кои живеат во Велика Британија, а не само за католиците и за англиканците.

Оваа посета се одвива во сенка на скандалот околу откритијата за сексуално и физичко насилство што католички свештеници го спроведувале подолго време врз деца коли ги чувале и воспитувале, кое врвот на црквата и Ватикан го прикривале.

Тоа има голем публицитет во британската јавност и предизвика остри реакции во некои британски либерални и атеистички кругови, кои се противат на оваа посета и посебно на „преседанот и на маскарадата“, на престојот на папата да му се даде официјален и државен карактер.

Посетата на папата Бенедикт Шеснаесетти се одвива под остри мерки на безбедност, особено затоа што е најавено дека на повеќе места тој ќе биде пречекан со протести кои ги организира движењето „Анти-папа“. Тие најавија дека ќе демонстрираат против политиката на Ватикан во контролата на раѓањето, хомосексуалноста и абортусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...