Излевање на хемиски отпад во Унгарија

Будимпешта, 5 октомври 2010 (МИА) - Две лица загинаа, три се сметаат за исчезнати, а повеќе десетина се повредени во Унгарија, во излевањето на хемиски отпад меѓу местата Ајка и Девечер, во западна Унгарија, изјави министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер.

Околу 700.000 кубни метри хемиски отпад се излеаја по хаваријата на резервоарот во една фабрика за преработка на алуминиум, 165 километри западно од Будимпешта.

Над 60 лица се здобиле со повреди, од кои десетина се во животна опасност. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Портпаролот на Министерството за вонредни состојби Ѓерѓи Бакош рече дека пожарникарите се упатени да ги евакуираат децата од локалните училишта, откако патниот и железничкиот сообраќај во областа се онеспособени.

Излевањето на отпадот загрози околу 400 куќи, односно една третина објекти во селото Девечер. Противпожарникарите го повикаа локалното население да ја напушти областа и тоа со трактори е одвезено од куќите.

Службата за информации за железничкиот сообраќај соопшти дека возовите меѓу местата Колонтар и Девечер, на линијата Будимпешта - Секешфехервар - Сомбатељ не сообраќаат и оти патниците ги превезуваат со автобуси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...