Во нападот на чеченскиот Парламент загинаа 7 лица, а 17 се повредени

Москва/Грозни, 19 октомври 2010 (МИА) - Според најновите податоци на федералниот антитерористички комитет и републичките истражни органи, седум лица загинаа, а 17 се повредени во денешниот вооружен екстремистички напад врз зградата на чеченскиот Парламент.

Претставничката на републичката управа на Истражниот комитет Марјам Налајева додаде дека според првичните податоци загинале двајца припадници на полицијата и еден службеник на Парламентот, а повредени се шестмина полицајци и 11 цивили.

Националниот антитерористички комитет соопшти дека во нападот учествувале четворица екстремисти, од кои двајца по влезот во зградата активирале експлозивни направи. Другите двајца напаѓачи се убиени во нападот.

Чеченскиот заменик министер за внатрешни работи Роман Едилов објасни дека екстремистите до собраниската зграда пристигнале со автомобил, веднаш зад возилото на еден од пратениците.

Чеченските служби за безбедност категорично ги демантираа претходно објавените информации дека напаѓачите зеле заложници.

Претседателот на чеченскиот Парламент Дукуваха Абдурахманов не е меѓу жртвите, тој навреме бил евакуиран.

Центарот на Грозни останува затворен. На местото на инцидентот се испратени специјални сили и „екипи од сите оперативни служби“.

За инцидентот е информиран рускиот министер за внатрешни работи Рашид Нургалиев, кој е во обиколка на Северен Кавказ. Во моментот тој одржува информативно советување во чеченското МВР, соопшти федералното Министерство за внатрешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...