Русија се враќа во Авганистан како сојузник на НАТО

Лондон, 27 октомври 2010 (МИА) - Русија се согласила да се вклучи во војната во Авганистан на страната на западните земји, кои пред 21 година ги помагаа тамошните муџахедини за да ја поразат армијата на тогашниот Советски сојуз, кој претходно изврши инвазија и окупација на оваа средноазиска држава.

Според лондонскиот весник „Индепендент“, Москва ќе се ангажира во обуката на новата авганистанска војска, Русите ќе се вклучат во единиците за борба со опиумските господари на војната и во принцип, прифатила да го снабдува НАТО и неговите авганистански сили со руски хеликоптери.

Весникот, како што јави дописникот на МИА од Лондон, тврди дека определен број летала веќе и се продадени на Полска која е вклучена во меѓународните сили на Алијансата, но сега се преговарало со Русија таа директно да го обезбедува НАТО со повеќе хеликоптери, да ги обучува пилотите, како и да прифати префрлање на оружје, муниција и воена опрема за сојузничките сили во Авганистан преку руската територија.

Тој коридор би требало да го замени сегашниот што минува преку Пакистан кој во последно време често е напаѓан од тамошните талибанци. Ваквиот договор би требало да се обелодени за време на претстојниот самит на Северноатланската алијанса, што во ноември ќе се одржи во Лисабон, а на кој ќе присуствува и рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Русија од своја страна, како што пишува „Индепендент“, побарала поголема кооперативност на НАТО со Москва околу ширењето на ракетниот штит и прашањето на Грузија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...