Високата цена на протестите во Европа

Бранот на штрајкови и социјални немири во Европа, каде од почетокот на оваа година траат протести со мали прекини, веќе предизвика огромна економска штета во Франција, Грција, Италија, Шпанија и многу други земји, вклучувајќи ја и Србија во која само дивеењето на хулиганите, кон средината на овој месец во Белград, ги чинеше даночните обврзници над милион евра.

Министерката за стопанство на Франција Кристина Лагард соопшти на Французите дека секој ден на тековен масовен штрајк ја чини државата од 160 до 400 милиони евра.

Лагард изјави за радио Европа1 дека само во изминатите две недели од кога траат штрајкови во Франција поради незадоволство на вработените и многу други граѓани од новиот закон со кој се заоструваат условите за одење во пензија, нејзината земја е оштетена за повеќе милијарди евра.

Владата на Франција и претседателот Никола Саркози, наспроти жестоките штрајкови, најавија дека реформата во пензискиот систем која е втора непопуларна мерка за намалување на јавната потрошувачка, ќе ја спроведат по секоја цена, бидејќи како што тврдат тоа е единствен начин земјата да застане на здрави нозе.

Грција, во која масовни штрајкови, вклучувајќи и неколку генерални прекини на работата, траат практично од почетокот на оваа година, исто така поради заострување на условите за одење во пензија, но и поради се понепријатните последици од тешката должничка криза, според оценка на функционерите претрпе „огромна штета“.

Голем удар ова лето претрпе туризмот во Грција, бидејќи таа членка на Европската унија и евро зоната, најголем дел од девизни приливи остварува од престој на странски гости.

Повеќенеделниот штрајк на грчките камионџии и превозници на гориво, ги парализира патиштата кон крајот на јули и почетокот на август, среде главната туристичка сезона.

Иако прецизни пресметки нема, атинскиот печат објави дека Грците само поради тој штрајк на камионџиите останале „покуси“ за повеќе десетици а можеби и неколку стотици милиони евра, пари кои странците би ги потрошиле на купување гориво за автомобилите, или при престој во објекти за сместување на гости.

Имено, многу туристи поради сообраќајниот хаос и тензичната социјална клима, ова лето се одлучија да не патуваат во Грција како дестинација за летен одмор.

Владата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу исто така стави до знаење дека наспроти се потешката внатрешна социјална состојба, нема да се откаже од реализација на најавените мерки за штедење и реформата во пензискиот систем.

Шпанија, Италија, Португалија и Романија во поголема, а Велика Британија, Германија, Полска, Чешка, Словачка во помала мера, оваа година исто така се земји во кои се одржаа или се планираат нови големи социјални протести, бидејќи и тие членки на ЕУ се соочија со последиците од финансиската криза и беа принудени остро да ги намалат разните социјални давачки.

Британската влада овој месец објави најригорозен план за штедење од периодот од Втората светска војна, во намера во текот на идните неколку години да го намали огромниот буџетски дефицит, кој лани надмина 12,8 отсто вредност остварен на БДП и беше најголем во ЕУ.

Според оценката на набљудувачи во Лондон, тој план може да биде „иницијална“ каписла за серија граѓански протести „со несогледливи последици за британското стопанство“.

На просторот на поранешна Југославија, најмасовни социјални протести оваа година организираа вработените во јавниот сектор во Словенија. Синдикатите во таа земја, по штрајкот одржан кон крајот на септември, се заканија со прекин на работа поради владиниот предлог драстично да се зголеми границата за одење во пензија.

Во Словенија протестираа повеќе десетици илјади луѓе, а слични протести имаше и во Хрватска, каде вработените и пензионерите организираа штрајк поради општиот пад на животниот стандард и многу непопуларните пензиски реформи.

Србија оваа година исто така е соочена со голем број штрајкови, но протестите на незадоволните работници и други граѓани до сега не беа ни приближно толку масовни како во посочените европски земји.

Танјуг - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...