„Квантас“ ги обвинува авионските мотори на „Ролс-Ројс“

Лондон, 8 ноември 2010 (МИА) - Австралиската авионска компанија „Квантас“ обвини дека моторите произведени во британската компанија „Ролс-Ројс“, се одговорни за последните три инциденти на авионите Ербас А380, како и на еден Боинг 747, што се случија изминатите седум денови, за време на летањето. Поради проблеми со моторите овие летови, авионите мораше принудно да се приземјуваат, јави дописникот на МИА од Лондон.

Истрагата што ја има направено „Квантас“ открила „извесни аномалии“ на сите супер џамбо-летови Ербас, што ги поседува компанијата. Претставник на австралиската компанија изјави за британските медиуми дека во авионските мотори е откриено масло таму каде што не требало да го има.

Авионски експерти во Лондон тврдат дека станува збор за непријатна ситуација, затоа што Ербас А380 авионите се нови, со само две години стари мотори на кои не би смеело да има аномалии, излевање на масло и проблеми за да се изведува принудно атерирање.

Инцидентите на двоспратните авиони на Ербас се првите вакви случаи, откако овој најнов супер-џамбо се вклучи во сообраќај во 2007 година.

Проблемите со авионските мотори на „Квантас“ и обвинувањето за тоа како тие функционираат предизвикаа веднаш пад на вредноста на акциите на „Ролс-Ројс“ на лондонската берза за пет отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...