Во Брисел се одржува Самит ЕУ - Русија

Брисел, 6 декември 2010 (МИА) - Главни теми на Самитот Европска унија - Русија, што денеска се одржува во Брисел, ќе бидат заедничките предизвици со кои се соочува Брисел и  Москва, како и глобалната економија и климатските промени.

На самитот ќе се разговара и за билатералните односи, вклучително и програмата Партнерство за модернизација, но и за регионалните и меѓународните прашања.

На денешниот состанок ќе учествуваат претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и комесарот за трговија Карел де Гухт, додека Москва ќе биде претставена од претседателот Дмитриј Медведев и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

- Мило ми е што повторно ќе се сретнам со претседателот Медведев. Овој самит ќе ни даде сјајна можност да разговараме за резултатите од самитот Г-20 одржан во Сеул и за економското заздравување. Ќе разговараме и за напредокот на билатералните односи, за  членството на Русија во Светската трговска организација, за визниот режим, за соседството и за човековите права истакна Ромпуј.

Баросо наведе дека самитот ќе биде фокусиран „на европско-рускиот договор и на програмата Партнерство за модернизација, што е клучна за поддржување на политичките и економските реформи во Русија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...