Уапсен oсновачот на „Викиликс“

Лондон, 7 декември 2010 (МИА) - Лондонската Метрополитен полиција денеска го уапси oсновачот на контроверзната интернет страницата „Викиликс“, Џулијан Асанџ.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Асанџ, кој се криеше на југот од Велика Британија, е уапсен утринава и задржан на сослушување.

Претставник на полицијата соопшти дека апсењето и приведувањето во полициска станица е извршено врз основа на барањето на шведското Обвинителство, кое вчера по втор пат им беше предадено на британските правосудни власти.

Налогот преку британската Агенција за борба против организираниот криминал (СОЦА) им беше предаден на метрополитен полицијата, затоа што Асанџ, поранешен австралиски хакер, се криеше во поширокиот регион на Лондон.

Претходно, адвокатот на Џулијан  Асанџ за Би-Би-Си изјави дека неговиот клиент ќе разговара со британската полиција. - Господинот Асанџ не е обвинет за никакво злосторство. Се договараме со полицијата да се состанеме на доброволен разговор за да и дадеме шанса да постави прашања и да добие одговори, истакна Марк Стивенсон, но не прецизира кога ќе биде разговорот.

По апсењето британската полиција во рок од 24 часа мора да одговори на барањата на Шведска за екстрадиција на Асанџ.

Шведските правосудни власти го товарат Асанџ не поради објавувањето на тајните американски документи, туку затоа што е осомничен за силување и за уште неколку кривични дела поврзани со сексуално насилство за што го товарат две жени. Сите дела што му се припишуваат се случиле во летото оваа година.

Асанџ ги негира ваквите обвинувања, а тоа го потврди и неговиот лондонски адвокат кој претходно бараше согласност од полицијата да го повика неговиот штитеник на „информативен разговор“ и на „доброволна основа“.

Шведските власти бараат Џулијан Асанџ да биде екстрадиран во Шведска, додека неговиот адвокатот Марк Стивенсон и натаму тврди оти зад повтореното обвинување на шведското Обвинителство има „политичка заднина“.

Првото барање, со меѓународна потерница, Асанџ да биде доведен на сослушување во Шведска пропадна, затоа што британските правосудни власти најдоа дека тоа не ги задоволува сите правни норми за да може да интервенира овдешната полиција.

Асанџ преку својот шведски адвокат, се жалеше што вторпат е обвинет и бараше обвинувањето да биде повлечено, но Врховниот суд на Шведска го одби барањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...