Не стравувам за својот живот

Москва, 20 декември 2010 (МИА) - Специјалниот известител на ПССЕ, Дик Марти изјави денеска дека не стравува за својот живот.

- Не стравувам, изјави Марти на прес конференција одговарајќи дали се плаши од физички напад на Албанци откако во свој извештај го означи косовскиот премиер Хашим Тачи како водач на криминална група која од 1999 година на Косово се занимавала со трговија со човечки органи, оружје и дрога.

Марти кој во Москва разговараше со  официјални лица за руско-грузиските односи, се осврна на извештајот, кој според руски медиуми предизвикал ефект на „разорна бомба“.  

Марти утре ја завршува посетата на Москва. 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатата недела изјави дека Русија е многу вознемирена поради информациите за можна вмешаност на актуелното косовско раководство во злосторства против човештвото. 

Нацрт-извештајот на Марти за Косово ќе се најде на дневен ред на ПССЕ во јануари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...