Денеска е ден на жалост во Русија

Москва, 26 јануари 2011 (МИА) - Во црквите „Света Тројца“ и „Свети Тихон“ во Москва денеска беше отслужена панихида во спомен на загинатите во нападот на аеродромот „Домодедово“, на кои присуствуваа премиерот Владимир Путин и претседателот Дмитриј Медведев.

Панихида беше отслужена и на терминалот за пристигнување на патниците на аеродромот „Домодедово“.
Во моментот во неколку московски болници се лекуваат 117 лица повредени во нападот. Според министерот за здравство и социјална политика на Русија Татијана Голикова тројца од повредените се наоѓаат во многу критична здравствена состојба. Седумнаесет од повредените лица се странски државјани од Германија, Италија, Нигерија, Молдавија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан и Франција.

Досега се идентификувани 34 од 35-те загинати во самоубиствениот напад на аеродромот „Домодедово“. Во наредните денови следува погребот на загинатите лица кои биле жители на Москва.

Претставниците на „Домодедово“ официјално предупредија дека пристапот до салите на аеродромот може да одземат до 30 минути поради воведените нови строги безбедносни мерки и новиот систем на целосна проверка на сите патници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...