Вилијам Хејг дал согласност за затворање на македонската и на други секции од Светскиот сервис на Би- Би-Си

Лондон, 26 јануари 2011 (МИА) -  Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави денеска дека тој дал согласност да се затворат програмите на македонски, албански и српски јазик, како и на англиски за Карибите и на португалски за Африка, во рамките на мерките за штедење на Светскиот сервис на Би-Би-Си, јави дописникот на МИА од Лондон.

Учествувајќи во дебатата во Долниот дом на британскиот Парламент, министерот Хејг рече дека таквата мерка морала да биде донесена затоа што Би-Би-Си не може да биде исклучена од општите мерки за штедење на буџетските трошоци и објасни дека трите балкански редакции и другите две имале вкупна слушаност од 3,5 милиони луѓе. Во споредба со сите овие секции, кај програмата на руски јазик е забележано зголемување на посетеноста на Интернет страницата на сервисот на руски јазик за 120 отсто, додека кај програмите на кинески јазик, има голем скок меѓу Кинезите кои живеат надвор од Кина.

Во острата дебата, пратениците од Лабуристичката опозиција во која учествуваа и неколкумина поранешни министри и членови на владите на Тони Блер и Гордон Браун, му забележаа на Форин Офисот и на министерот Хејг што се затвораат програмите на три редакции на јазиците од Балканот, иако тие во вкупните трошоци на Светскиот сервис на Би-Би-Си не учествуваат ниту со 0,5 отсто. Поранешниот министер за Европа Денис Мексејн му замери на Хејг што ги затвора секциите на македонски, албански и српски, уште пред Македонија и Србија да и се приклучат на ЕУ, а во време кога во Албанија е зголемена внатрешната нестабилност.

Хејг меѓутоа смета дека актуелната коалициска Влада прави помал „грев“ од владата на Лабуристите, која во 2006 година се согласи да се затворат десет европски програми. Тој потврди дека морало да се укинат 650 работни места во Светскиот сервис на Би-Би-Си, за да се заштедат 46 милиони фунти годишно, нудејќи како алтернатива компанијата да го развива сервисот што постои уште од 1932 година, низ префрлањето на јазиците програми на Интернет.

Опозицијата, но и пратеници на владејачката коалиција инсистираа дека е погрешно што најголемиот удар од планот за штедење во Форин Офисот е префрлен на Светскиот сервис на Би-Би-Си кој поради ова плаќа најголема цена и покрај најавите на Владата и на министерот Хејг дека Сервисот на странски јазици не смее да биде уништен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...