Жените ширум Италија демонстрираа против Берлускони

Рим, 13 февруари 2011 (МИА) - Неколку илјади жени денеска протестираа ширум Италија поради сексуалниот скандал во кој е вмешан премиерот Силвио Берлускони, наведувајќи дека со тоа е повредено нивното достоинство и оти се засилиле застарените стереотипи кои се однесуваат на половите.

Италијанките се прошетаа на улиците на Неапол и Палермо барајќи оставка на Берлускони. Тие носеа транспаренти и извикуваа „Италија не е јавна куќа“.

Протестната прошетка во повеќе од 200 италијански градови ја предводеа актерки, политичарки и други познати жени, а слични протести ќе бидат одржани и во други држави.

Обвинителството во Милано минатата недела побара против Берлускони неодложно да бидат покренати обвиненија за секс со малолетна проститутка и за злоупотреба со службената положба.

Седумдесет и четиригодишниот Берлускони тврди дека не е виновен за двете обвиненија, за кои беше покрената истрага од крајот на декември. Според него, таквите обвиненија се срамни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...