Лажев за „тајното оружје“ на Садам Хусеин

Лондон, 16 февруари 2011 (МИА) - Ирачанец пребегнат на Запад чии откритија за воените капацитети на режимот на Садам Хусеин придонесоа за уверувањето на ЦИА и тогашната американска администрација дека Ирак располага со „тајно биолошко оружје“, сега првпат потврди дека лажел, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во разговор за лондонскиот весник "Гардијан" Рафид Ахмед Алван ал-Джанаби, хемиски експерт кој побегнал од земјата во 1995 година изјави дека „направил приказна“ за постоењето на мобилни станици за биолошко оружје поставени на големи товарни возила, како и за тајни фабрики за производство на оружје за масовно уништување само за да помогне во уривањето на режимот на тогашниот претседател Садам Хусеин.

Ал-Джанаби признава дека со ужас ги следел работите откако видел дека неговите тврдења биле прифатени од администрацијата на претседателот Џорџ Буш, а особено кога тие послужија за оправдување на воената интервенција во Ирак во март 2003 година.

- Можеби бев во право тоа што го направив, а можеби и згрешив, нагласува Ал-Джанаби за лондонскиот весник истакнувајќи дека му била дадена можност со фабрикувањето на некои работи да му се стави крај на омразениот режим во Ирак. Во секој случај заедно со моите синови се гордееме со она што го направив бидејќи тоа во крајна линија помогна за навлегувањето на демократијата во Ирак, смета Ал-Джанаби.

Ал-Джанаби прво бил „обработуван“ од германската разузнавачка агенција БНД, на која откако бил нагрден со азил во 2000 година почнал да изнесува тврдења за состојбите во Ирак од тоа време, како и за воената подготвеност на земјата и „тајниот арсенал“ со оружје за масовно уништување. Германските разузнавачи биле првите кои разбрале за постоењето на мобилните станици со биолошко оружје за кои сега тврди дека не постоеле. Ал-Джанаби ги опишува Германците кои го сослушувале како „лековерни и нестрпливи да изнудат детали“ од него.

Подоцна сите овие информации и биле префрлени на американската разузнавачка агенција. Имав сериозни проблеми со режимот на Садам Хусеин, па сакав да му се одмаздам и успеав во тоа, изјави за "Гардијан" пребегнатиот хемиски експерт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...