Шоуто „Берлускони“

17 февруари 2011

Политичката драма која ја зафати Италија недели наназад, сега си има датум во роковникот. Тоа е 6 април. Денот за кој судиите му наредија на Силвио Берлускони да се појави на судењето по обвинувањата дека имал секс со малолетна проститутка и ја злоупотребил позицијата за да и помогне.

Судијата погледна во доказите и верува дека се доволно силни за да овозможат судење на „брза лента“.

Ќе биде целосно во несклад со карактерот на Силвио Берлускони ако не се бори.

Тој рече дека обвинувањата „се без основа“ и го оквалификува случајот како „фарса“. Во неговата долга бизнис и политичка кариера, тој се соочи со многу истраги, но оваа е досега најопасната за него. Речиси во секоја европска држава ќе се очекува од премиерот да поднесе оставка. Дури и ако тој или таа се целосно невини, ќе се изврши притисок за да се поштеди државата од срам.

А фер е да се каже и дека срамот нема да го истера Берлускони од канцеларијата. Некои велат дека само ќе се оттргне вниманието додека Италија се бори со опаднатата економија и илјадниците емигранти кои доаѓаат накај нејзината обала.

Речиси е извесно дека неговите адвокати сега ќе започнат епска борба со судиите. Ќе тврдат дека магистратот излегол од своите овластувања со прислушувањата на партнерите на премиерот. Правните предизвици може да го одложат датумот на судење.

Второ - а тоа веќе и започна - Берлускони и некои од неговите најблиски политички сојузници ќе го прогласат ова за форма на политички атентат покренат од левичарското судство.

Ќе тврдат дека судиите се обидуваат да ги превратат желбите на гласачите. Италија уште сега се соочува со битката кој управува со неа: избраните политичари или судиите. Така Силвио Берлускони ќе сака да ја дефинира оваа битка.

Ако премиерот обезбеди подршка внатре во неговата партија и уште поважно, подршка од Северната лига, тогаш ќе може да се бори.

Подршката од јавноста е помалку извесна. Има индикации дека јавноста е заморена од шоуто „Берлускони“, со неговата парада на модели, придружнички, старлети. Неговиот рејтинг, кој добро се држеше, сега брзо опаѓа. Многу Италијанци велат дека приказните за секс-журките му штетат на угледот на државата.

И жените го дигнаа својот глас. За викендот беа на улиците. Каков смешен сплет на иронија, некои од нив рекоа дека биле инспирирани од протестите во Египет и Тунис. Некои пак веруваат дека Берлускони ја корумпирал културата; дека на една цела генерација на жени им е продадена пораката дека успехот доаѓа од изгледот како она што италијанците го викаат „шоу-герла“.

Прашање е дали со овие собири по улиците можат да соберат сила до точка да го истераат премиерот од канцеларијата. И тој исто така има подржувачи. Италија страда од отсуство на очигледна алтернатива.

За миг, Италија ита кон судење заради моќ и секс. Тоа ќе го привлече светското внимание. Ќе бидат откриени бизарни детали од таканаречените „бунга-бунга“ журки. Тоа ќе биде преседан во секој смисол: лидерот на една од најголемите светски економии е на суд заради секс со малолетна проститутка.

Тоа веќе стои во роковникот.

Јас сум во Палермо, на Сицилија, каде денеска беше Берлускони. Чудно е, но многу малку Италијанци веруваат дека нивниот премиер дури и ќе се појави во судница.

Би-Би-Си - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...