Потребен е „обединет фронт“ против Гадафи

Лондон, 10 март 2011 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг и шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле испратија заедничко писмо до Европската Унија и до баронеса Ештон, министер на ЕУ за надворешни работи, во кои се залагаат за потребата од постоење на еден „обединет фронт“ против режимот на полковникот Гадафи, јави дописникот на МИА од Лондон.

Хејг и Вестервеле се согласуваат да се испитаат сите патишта за воведување на дополнителни санкции кон Либија, но ги повикуваат владите од ЕУ да се согласат со прекин на комуникацијата и соработката со режимот во Триполи.

Во заедничкото писмо, двајцата шефови на дипломатија истакнуваат дека Гадафи „мора да се тргне од власта, за да се отвори пат за вистинска демократска трансформација“ во оваа северноафриканска земја.

Велика Британија продолжува со настојувањето да обезбеди што е можно повеќе сојузници за нејзината политика за соборување на Гадафи.

Претставник на Форин Офисот синоќа објасни дека од почетокот британската дипломатија е предводник на една таква политика, но инсистираше дека заложбите во писмото не значат и прекин на дипломатските односи со Либија.

- Сакаме да се постигне е целосна изолација на полковникот Гадафи, рече претставникот на министерството во Лондон.

Соопштението за заедничкото писмо на  министрите за надворешни работи на Велика Британија и на Германија доаѓа непосредно по острата дебата во Долниот дом на британскиот Парламент околу либиската криза.

Опозициските Лабуристи ја обвинуваат Владата и шефот на Форин офисот Хејг за „цела низа од грешки, погрешни проценки и лоши акции“ околу кризата во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...