Пророштво ги „истера“ Римјаните од нивниот град

Рим, 11 мај 2011 (МИА) - Стравувајќи од урбаната легенда дека Рим денеска ќе биде погоден од катастрофален земјотрес, многумина жители на италијанскиот главен град решија да ги напуштат своите домови, наспроти предупредувањето на експертите дека е невозможно предвидување на таков потрес.

Пророштвото на самоукиот сеизмолог Рафаело Бенданди дека на 11 мај 2011 година катастрофален земјотрес ќе го срамни Рим со земја, беше главна тема на разговор меѓу жителите на италијанскиот главен град. Ваквото пророштво на Бенданди брзо се прошири во јавноста пред се благодарение на социјалните мрежи и разните интернет форуми.

Во намалувањето на стравот не помогнаа ни апелите на началникот на италијанската Цивилна заштита и на првиот човек на Националниот институт за геофизика и вулканологија, кои нагласија дека станува збор за непотребни стравувања.

Сеизмолозите нагласуваат дека стравувањата се неоправдани имајќи предвид дека во Рим не бил регистриран посилен земјотрес во последните илјада години. - Под градот никогаш не се забележани силни земјотреси, изјави директорот на Институтот за геофизика и вулканологија, Енцо Боски.

Италијанскиот весник „Република“ нагласува дека и покрај ваквите смирувачки тонови, Римјаните уште еднаш се докажаа како „фаталисти и експерти за внимателност“. Следејќи го мотото „не е точно, но сепак верувам“, многумина се решија да го напуштат градот, да не ги пуштат децата во училиште и да заминат на одмор, истакнува „Република“.

Весникот наведува дека според неофицијални податоци број вработени кои за денеска најавиле „одмор или слободен ден“ е меѓу 15 и 20 проценти поголем во споредба со 11 мај 2010 година. Во многу училишта родителите се јавиле и прашувале дали денеска ќе се одржува редовна настава.

- Не може да се говори за егзодус на населението, но сепак има случаи кога цели семејства решија да го напуштат градот и да заминат на село, наведува „Република“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...