Строс-Кан жртва на Русите

Париз, 19 мај 2011 (МИА) - Тезите за можен заговор во аферата Строс-Кан се шират во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Овој пат оваа теза отворено ја изложува еден угледен француски политичар, според кого, „местењето“ на Строс Кан било направено за тој да не биде претседателски кандидат во 2012 година.

Пратеникот од редовите на Социјалистичката партија, Клод Бартолон на телевизискиот канал БФМ-ТВ, пренесен веднаш потоа од повеќе веб изданија тврди дека досегашниот прв човек на ММФ, на 29 април му се доверил со следниве зборови: „Пази, потребно е да се биде претпазлив, можеби ни ги прислушуваат телефоните, чувствувам дека Русите и посебно Путни, се сојузници на Франција за да ме избркаат од ММФ пред да бидам во ситуација да ја најавам мојата кандидатура.“

Доминик Строс-Кан и на средбата со еден француски новинар од „Либерасион“, изразил стравување дека може нешто да му се случи. Тој тврдел  дека стравува од некој „подол удар“ и дека стравува оти бил шпиониран.

Весникот, чии пишување го пренесе и МИА, раскажува дека Строс-Кан самиот зборувал за три можни замки кои можат да му бидат поставени на патот кој води кон Елисејската палата: тој очекува напади за неговата еврејска припадност, за неговото богатство и за неговата слабост кон жените.

Строс-Кан на новинарот на „Либерасион“ пред петнаесетина дена му зборувал дека се шират гласини оти постојат негови фотографии за учество на големи оргии, но оти никој не ги видел, потсетувајќи на сцената кога во тоалетот каде се нашле заедно со Никола Саркози, од кој Строс-Кан побарал да не му го валкаат неговиот приватен живот.

И колку да изгледа неверојатно, самиот Строс-Кан го дава сценариото во кое се најде во Њујорк. Тој претставувајќи се како „жртва“ на евентуален заговор, пред новинарот на „Либерасион“ рекол дека „може да се замисли, што во моментов е негов најстрашен кошмар, дека една жена на која и ветиле 500 000 или милион евра да започне да раскажува дека ја силувал во паркинг“... Неверојатно но тоа е скоро истото сценарио со кое се соочува сега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...