Облакот вулканска пепел стигна до Шведска

Стокхолм, 25 мај 2011 (МИА) - Облакот пепел од исландскиот вулкан Гримсвортн достигна до Шведска и тоа се одрази на воздушниот транспорт.

На аеродромот во Гетеборг „Ландсветер“, кој се наоѓа на западното крајбрежје на земјата, се откажани 20 летови.

Експертите на германската Агенција за безбедност на воздушниот сообраќај соопштија синоќа дека од денеска од пет часот наутро ќе ги затворат аеродромите на северот на земјата поради облакот од пепел кој доаѓа од исландскиот вулкан.

Од пет часот наутро нема да бидат дозволени полетувања, ниту слетувања од аеродромот во Бремен, а од шест часот ниту од аеродромот во Хамбург.

Според податоци на европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (Евроконтрол), вкупно вчера во Западна Европа, најмногу во Велика Британија, биле откажани околу 500 летови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...