НАТО никогаш нема да ја нападне Русија

Москва, 7 јуни 2011 (МИА) - НАТО никогаш нема да ја нападне Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, изразувајќи желба 21. век за разлика од минатиот да биде век на соработка меѓу НАТО и Русија.

- Можам да ви дадам уверување и јас јавно за тоа повеќе пати говорев дека НАТО никогаш нема да ја нападне Русија и уверени сме дека Русија гледа на Алијансата во исто светло, истакна Расмусен пред состанокот на Советот Русија - НАТО на ниво на министри за одбрана во Брисел.

Нагласувајќи оти е потребно уште поголемо взаемно разбирање, но и дека последиците од Студената војна се уште останале во сеќавањето на некои луѓе, генералниот секретар на НАТО изјави дека се потребни повеќе политички дискусии и размена на мислења.

- Кога станува збор за воени доктрини секако дека би сакал повеќе во нив да нема одредби кои ги опишуваат партнерите како закана, дури и потенцијална, рече Расмусен.

Осврнувајќи се на острото противење на Русија на ширењето на НАТО кон истокот, Расмусен нагласи дека зачленувањето на нови држави во Алијансата не само што ја проширува и зајакнува, туку позитивно влијае и врз евроатлантската безбедност, вклучувајќи ја и безбедноста на Руската Федерација.

Според него зачленувањето на нови земји ја зголемува зоната на стабилност и предвидливост, бидејќи секој потенцијален член мора прво да го обезбеди потребното ниво на политички стандарди, меѓу кои се и добрите односи со соседите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...