Министрите незаинтересирани за „поостар“ Шенген

Луксембург, 9 јуни 2011 (МИА) - Министрите за внатрешни работи на ЕУ не изразија интерес на денешната средба во Луксембург за заострување на правилата во Шенген зоната за слободно движење - идеја која беше претставена од Франција и Италија.

По спорот меѓу двете земји за протокот на имигранти од Северна Африка тие предложија да се промени договорот за Шенген, за да стане полесно воведувањето на времена гранична контрола. Европската комисија минатиот месец објави дека е отворена кон идејата. Но останатите членки од ЕУ не покажаа со ништо дека ја споделуваат таа позиција.

- Сметаме дека не е неопходно да се менува Шенгенскиот договор во овој момент, рече шпанскиот министер за внатрешни работи Антонио Камачо.

Сегашните правила дозволуваат на владите од ЕУ да ја обноват граничната контрола при големи настани или средба на врвот, но не и во случај на неочекуван проток на имигранти, како што предложија Шведска и Германија.

Германија денеска одново го критикуваше решението на својот сосед Данска да ја врати постојаната царинска контрола по границите, истакнувајќи дека не треба да се става под сомнение слободното движење на Шенген зоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...