Полска денеска го презема претседавањето со ЕУ

Брисел, 1 јули 2011 (МИА) - Полска, која денеска од Унгарија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, како приоритети на својот прв мандат на чело на Унијата ги постави „евроинтеграциите како извор на развој и создавање безбедна и отворена Европа“, со силна поддршка за проширување на Западен Балкан. 

Првото претседавање на Полска, која стана членка на ЕУ во 2004 година, ќе биде концентрирано на земјоделската политика, енергетската безбедност, новиот европски буџет за период 2014-2020, јакнење на политиката за европско соседство, но ќе покрене и дебета за „вредностите засновани на учењата на папата Јован Павле Втори“.

Според Лисабонскиот договор ротирачкото претседавање најмногу е церемонијална функција, а државата која претседава главно е задолжена за создавање рамка за европската агенда и претседавање со состаноците на Советот на министри на ЕУ.

Од друга страна, треба да се има предвид дека поранешниот полски премиер Јержи Бузек е претседател на Европарламентот, а многу важниот сектор за финансиско планирање и буџет му е доверен на Јануш Левандовски, член на Европската комисија од Полска.

Полска претседавањето го презема во момент кога се зголемува загриженоста дека се поистакнатиот популизам и национализам во некои земји членки го доведе во опасност процесот на евроинтеграциите, пред се со доведување во прашање на две работи кои повеќето ги сметаат за најголеми европски достигнувања - Шенгенскиот договор и еврото.

Во рамки на подготовките за преземањето на шестмесечното претседавање, Полска веќе во Брисел отвори нов штаб во кој се вработени повеќе од стотина нови официјални претставници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...