Скандалот со прислушувањето зема „жртви“

Лондон, 18 јули 2011 (МИА) - Комесарот на Скотланд Јард Пол Стивенсон, највисокиот полициски функционер во Велика Британија, поднесе неочекувано оставка, поради скандалот со прислушувањето на мобилната телефонија на новинарите на „Њуз оф д Ворлд“, како и поради тврдењата за поткупот на полицајци за добивање информации, јави дописникот на МИА од Лондон.

Стивенсон поднесе оставка под притисок на британската опозиција, откако беше осомничен за поврзаност со Нил Волис, поранешен уредник на сега веќе згаснатиот весник на мардоковата медиумска империја. Волис минатата недела беше уапсен од полицијата во врска со скандалот.

Полицискиот комесар Стивенсон беше поврзуван со Волис, бидејќои го ангажирал за надворешен советник поранешниот уредник на „Њуз оф д Ворлд“, кој сега работи за една ПР агенција. Освен тоа Стивенсон на почетокот од оваа година прифатил пет недели да престојува во едно луксузна бања, каде Волис бил ПР советник.

Во соопштението за медиумите, шефот на британската полиција изјави дека си заминува од функцијата во обид да се прекинат спекулациите и обвинувањата околу целиот овој случај, но нагласува дека не прифаќа вина за она што го направил.

Стивенсон поднесе оставка само неколку часа по исто така неочекуваното апсење на Ребека Брукс, поранешен главен директор на Њуз Интернешнл за печатените медиуми. По сослушувањето, таа беше пуштена со кауција. Нејзиниот портпарол изјави дека апсењето е „изненадувачки потег“ на полицијата, затоа што таа во неделата попладнето сама отишла во една полициска станица во центарот на Лондон, на претходно договорен разговор околу истрагата на скандалот со прислушувањето и подмитувањето на полицајците. Во вторник таа би требало да се појави како сведок пред една парламентарна комисија, заедно со Руперт Мардок и неговиот син Џејмс.

Премиерот Дејвид Камерон изрази жалење поради оставката на комесарот Пол Стивенсон, а Даунинг стрит 10 ги демантираше тврдењата на медиумите дека врз комесарот на Скотланд Јард бил вршен притисок да си замине од функцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...