Гадафи може да остане во Либија

Париз, 20 јули 2011 (МИА) - Моамер Гадафи може да остане во Либија доколку ја предаде целата власт, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе. 

На прашањето дали земјите кои учествуваат во либиската воена операција би му дозволиле на Гадафи да остане во Либија како дел од евентуалното решение за надминување на кризата, Жипе одговори дека „едно од сценаријата, кои се сметаат за реални, е тој да остане во Либија под еден услов, а тоа е веднаш да се повлече од политичкиот живот“.

- Евентуалното примирје би зависело од одлуката на Гадафи јасно и официјално да замине од воените и цивилните функции, кои ги извршува. Прашањето е не дали Гадафи ќе се повлече, туку кога?, истакна шефот на француската дипломатија.

Двајца членови на либискиот Преоден национален совет (ПНС) треба денеска да се сретнат со францускиот претседател Никола Саркози во Париз. Франција е првата земја која официјално го призна советот за легитимна власт во Либија и прва која изврши воздушни напади врз воени објекти на Гадафи на почетокот на март годинава.

- Што се однесува до преговори со режимот во Триполи, такви моментално не се водат. Контактите со режимот целосно се префрлени на ОН, додаде Жипе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...