Ал-Насер: Бомбашкиот напад во Осло е „лекција“ за Европа

Осло, 22 јули 2011 (МИА) - Еден познат екстремист порача преку интернет дека бомбашкиот напад кој денеска е извршен во центарот на Осло, а во кој според најновиот полициски извештај загинаа најмалку седум лица, претставува „лекција“ и порака за европските земји од муџахедините.

Според американската служба за следење на исламистичките сајтови (SITE), екстремистот кој пишува под името Абу Сулејман ал-Насер во својата порака на заштитениот форум „Шумук ал-Ислам“ наведува дека овие бомбашки напади „се уште една порака која стигнува во европските земји од муџахедините“.

Лидерите на Ал Каеда досега на Норвешка, која е членка на НАТО, повеќе пати и се заканувале поради нејзиното учество во војната во Авганистан, а оваа скандинавска земја учествува и во воздушната операција во либија, чиј лидер Моамер Гадафи се закани дека ќе возврати со напади на Европа. Денешниот напад во Осло се случи нешто повеќе од една година откако три лица беа уапсени поради сомневање дека се поврзани со Ал Каеда и дека планирале да извршат напади врз цели во Норвешка.

Полицијата засега нема потврдено дали станува збор за терористички напад, ниту кој би можел да стои зад овие експлозии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...