Осло, 25 јули 2011 (МИА) - Андерс требаше да се самоубие, а не да убива други луѓе, изјави неговиот татко, Јенс Брејвик во интервју за норвешката телевизија Те Фе 2.
Јенс Брејвик живее во селото Курнанел во Франција и тврди дека со години не се гледал со неговиот син.
Андерс Брејвик, кој е обвинет за двата напади во Норвешка, во кои загинаа 76 лица, ќе биде подложен на психијатриска анализа. Претходно денеска судот на Брејвик му одреди притвор од осум недели.